Ata Ufuk Şeker
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за продолжување на санкциите кон Асадовиот режим за уште една година, поради притисокот што тој продолжува да го врши врз цивилите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на Европа соопшти дека е донесена одлука за продолжување на рестриктивните мерки кон Асадовиот режим до 1 јуни 2018 година, поради што продолжува притисокот од страна на овој режим и неговите поддржувачи врз цивилите во Сирија.
Со оваа одлука, ЕУ ќе применува порестриктивни мерки кон тројца министри кои се поврзани со Асадовиот режим. Така, бројот на лицата од листата на ЕУ, кон кои се применуваат санкции поради тоа што имале улога во насилствата против граѓаните на Сирија, порасна на 240 лица.
На сила против овие лица е забраната за патување. Исто така, се замрзнуваат и материјалните средства на овие лица во ЕУ.
Европската Унија применува санкции против 69 институции во Сирија. На овие институции, меѓу кои и Централната сириска банка, им се замрзнати материјалните средства.
Меѓу санкциите што ЕУ ги применува кон Сирија се ограничување на инвестициите, забрана на техничката опрема којашто се употребува за вршење притисок врз народот, спречување на извозот на технологијата, како и нафтеното ембарго.