Recep Şakar
29 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
МЕЛБУРН (АА) - Американскиот сенатор Џон Меккејн изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, претставува поголема опасност од терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меккејн за време на посетата на Австралија беше гостин во програмата на медиумската куќа ABC (Еј-би-си) и во таа пригода кажа дека Путин е првокласна и најважна закана, поголема од ДЕАШ.
Американскиот сенатор изјави дека Русија се обиде да ги урне основите на демократијата и да ги промени резултатите од претседателските избори во САД.
„Не сум видел докази дека успеале, но се обиделе, и сѐ уште се обидуваат“, рече Меккејн.
Тој, исто така, ја обвини Русија дека се обидела да влијае на резултатите од претседателските избори во Франција.
Меккејн смета дека САД треба да одговорат со санкции кон Русија.