Ahmet Gürhan Kartal
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Процесот на излегување на Велика Британија од Европската Унија (АА), Брегзит, нема да биде ниту брз, ниту пак безболен, изјави денес главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барниер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Некоj создаде илузија дека Брегзит нема да има материјално влијание врз нашите животи и дека ќе биде безболен. Но тоа нема да биде така“, изјави Барниер на прес-конференција во Брисел.
Исклучувајќи го брзото излегување на Велика Британија од ЕУ, Марниер рече дека тие ќе започнат со преговорите штом британската страна биде подготвена.
Барниер изјави дека Брегзит, којшто беше изгласан на референдумот во јуни минатата година, предизвика десетмесечна неизвесност.
Неговите коментари дојдоа по извештаите во медиумите на почетокот на неделата дека британската премиерка Тереза Мај и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер имале остро несогласување околу Брегзит во текот на една вечера.
Барниер истакна дека Европската комисија нема намера да ја „казни“ Велика Британија за напуштање на Унијата.
„Ние ќе бидеме транспарентни во текот на преговорите и ќе останеме воздржани и ориентирани кон изнаоѓање на решение“, рече тој.
Забелешките на Барниер дојдоа кратко откако британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис, во утринско ТВ шоу кажа дека земјата нема да ја плати „сметката на одвојувањето“, која може да изнесува и до 85 милијарди фунти (110 милијарди долари).
Сепак, Барниер додаде дека предходните обврски треба да бидат исполнети. „Подмирување на сметката; ништо повеќе, ништо помалку“, додаде тој.
Барниер, исто така рече дека на Велика Британија мора да вложи многу енергија и големи напори во постигнувањето на договор во три клучни области - границите, правата на граѓаните на ЕУ и во процесот на калкулирање на финансиската страна.
Преговорите меѓу Велика Британија и на блокот од 27 земји-членки се очекува да започне по предвремените избори во Велика Британија закажани за 8 јуни.