Dildar Baykan
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
КАЛИФОРНИЈА (АА) - САД извршија тестирање на проектили со долг дострел, јавува Anadolu Agency (AA).
Командата на воздухопловните сили за глобални напади соопшти дека извршила тестирање на интерконтиненталните балистички проектили 'Minuteman 3' без боеви глави, во воената база „Ванденберг“, која се наоѓа во сојузната држава Калифорнија.
Во соопштението се наведува дека проектилот пристигнал до својата дестинација, оддалечена 6.759 километри.
Тестирањето на проектилот, кој е дел од нуклеарниот арсенал на државата, претставува тест за борбената готовност на САД, а беше планирано 10 месеци.
Се знае дека на територијата на САД, на должина од 12.874 километри има 450 вакви интерконтинентални проектили.
По извршената четврта и петта нуклерна проба на Северна Кореја, на почетокот од 2016 година и во месец септември, САД со своите борбени авиони Б-1 го надлета Корејскиот Полуостров со цел да ја заплаши Северна Кореја.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри критики до Северна Кореја која ја има поддршката на Кина, да се откаже од нуклеарната програма, и изјави: „Доколку постоеја нормални услови, ќе се сретнев со претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун“. Оваа изјава на Трамп предизвика дискусии во американската јавност.
Американските авиони Б-1 од 2004 година досега се на должност во Пацификот.