Arife Yıldız Ünal
24 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
АНКАРА (АА) - АРИФЕ ЈИЛДИЗ УНАЛ - Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Џахит Турхан, соопшти дека се извршени тестирањата на контролите на лет на системот „ILS“, кој ќе им овозможи на авионите дури и во временски услови во кои видливоста е на „нулта ниво“, без проблем да слетуваат на Новиот аеродром во Истанбул, чија инагурација ќе се реализира на 29 октомври оваа година од страна на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Турхан во изјава за новинарот на AA нагласи дека во тек се активностите од првата фаза на овој аеродром, кој кога ќе биде ставен во функција ќе биде најголемиот аеродром во светот.
Турскиот министер Турхан истакна дека аеродромот ќе биде комплетиран во четири фази.
Тој информираше дека првата фаза се состои од главната терминалска зграда со капацитет од 90 милиони патници годишно; една главна контролна кула; 2 писти со ширина од 60 метри, од кои едната е со должина од 3,75, а другата со должина од 4,1 километар, кои се опремени на тој начин што ќе може да слетуваат авионите од типот „A380“; паркинг-место за 347 авиони, од кои 114 близу главниот терминал; хангар; карго/царински склад; угостителски објект; како и паркинг со капацитет од 18.000 возила.
Турхан истакна дека тестирањата на четирите „ILS“ (системи за наведување на летала) што ќе се користат на сите писти што ќе бидат отворени во фаза 1 на Новиот аеродром во Истанбул, се реализирани со авионот за контрола на летови на државната Дирекција на државната управа за воздушен сообраќај (DHMİ).
Според него, „ILS-системот“ кој овозможува безбедно слетување на авионите во лоши временски услови, ќе служи во категоријата „CAT III“ на овој аеродром, а ќе бидат ставени во функција и сите други системи, како радарски системи и системи за комуникација.