ИСТАНБУЛ (АА) - Извршниот комитет на УЕФА во четврток ќе го направи изборот помеѓу Турција и Германија за домаќин на Европското фудбалкско првенство ЕВРО 2024, пишува Anadolu Agency (AA).
Комитетот ќе се сретне во Нион, Швајцарија, на 27 септември, за да избере меѓу кандидатите Турција и Германија.
Членот на Извршниот комитет на УЕФА, Сервет Јардимџи, истакна дека УЕФА за промена може да гласа и заслужено да ја избере Турција за домаќин на натпреварувањето.
Во април, Фудбалската федерација на Турција и Германската фудбалска асоцијација ги поднесоа кандидатурите за домаќини на настанот.
Турција се надева дека ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство на УЕФА за првпат, по аплицирањето за четири последователни натпреварувања.
„Се надеваме дека УЕФА ќе гласа за промена овој турнир да оди во (организација) на нова нација, како Турција, за да можеме да му покажеме на светот колку успешно Турција може да го пренесе ова натпреварување“, истакна Јардимџи за АА во четвртокот.
„Сега е време Турција да ја има привилегијата да биде домаќин на овој важен турнир, наместо тој да се одржува традиционално во европските земји“, додаде тој.
Мотото на Турција за ЕВРО 2024 е „Споделете заедно“, истакнувајќи ја надежта за зближување на луѓето преку нивната страст за фудбалот.
- Германските фудбалски фанови протестираат поради кандидатурата на земјата -
Во текот на натпреварите изминатата недела, германските навивачи го изразија својот протест против номинацијата за домаќин на ЕВРО 2024 преку разни транспаренти и слогани.
Во саботниот меч помеѓу Аугсбург и Вердер Бремен, навивачите извикуваа против германската номинација за домаќин на ЕВРО 2024.
Навивачите на Динамо Дрезден, тим од втората Бундес лига, развиорија танспаренти за време на натпреварот со Дармштат на кои пишуваше: „Не ни требаат натпревари купени со евра. Потребна ни е промена“.
Во петокот, навивачите на Штутгарт, исто така, истакнаа транспаренти со натписот: „Обединети со пари: Корумпираните во центарот на Европа“, потсмевајќи се на мотото на Германија за ЕВРО 2024, „Обединети со фудбалот: Заедно во центарот на Европа“.
- Расизам и поткуп -
Во петокот, УЕФА направи процена на кандидатурите на Турција и Германија.
Во извештајот се вклучени стадионите на двата кандидати, како и политичките, општествените и еколошките аспекти, без споменување на прашањата поврзани со безбедносните услуги, мобилноста, сместувачките капацитети и капацитетите за тренинзи.
Откако беше објавен извештајот, претседателот на Фудбалската федерација на Турција, Јилдирим Демирорен, истакна: „Ние сме подготвени да бидеме домаќини на спектакуларното натпреварување, благодарејќи на инвестирањето на нашата држава во фудбалот последните години“.
Инаку, во последните години Германската фудбалска асоцијација ја тресат обвинувања за измами и расизам.
Во 2015 година германскиот неделник „Der Spiegel“ (Дер Шпигел) тврдеше дека Германија платила 6,7 милиони евра мито за обезбедување на Светското првенство 2006. Волфганг Нирсбах, тогашниот челник на Германската фудбалска асоцијација, беше принуден да поднесе оставка поради обвинувањата за мито, а ФИФА му издаде забрана да се занимава со фудбал во траење од една година.
Реинхард Гриндел, актуелниот челник на Германската фудбалска асоцијација, го бележат наводи за расизам.
Во јули, германскиот фудбалер од турско потекло, Месут Озил, ја напушти германската репрезентација поради расна дискриминација.
Озил наведе дека Гриндел не го поддржал во периодот кога добивал мејлови со омраза, заканувачки телефонски повици и расистички коментари на социјалните мрежи. Челникот на Германската фудбалска асоцијација подоцна призна дека не пружил доволна поддршка.
Според извештајот на УЕФА, четири од десетте германски града кандидати за домаќини на натпреварувањето не се членови на Европската коалиција на градови против расизмот.