Betül Yürük
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ВАРШАВА (АА) – Во главниот град на Полска, Варшава официјално започна Самитот на шефовите на државите и владите на земјите на НАТО, каде присуствува делегацијата на Република Турција предводена од претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Република Македонија на НАТО самитот ја претставува делегација предводена од заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, во чиј состав е и министерот за одбрана Зоран Јолевски.
На Самитот на НАТО, кој се одржува во Полска, свое учество заземаат претседателите на државите и владите на 28 земји членки и земји партнери на НАТО, меѓу кои и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган со својата делегација, претседателот на САД, Барак Обама, како и високи претставници од истакнати меѓународни заедници како што се Обединетите нации, Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
На Самитот присуствува и Петро Порошенко, Претседателот на Украина, која не е членка на НАТО.
Придружбата на Порошенко од Украинската пилотка и пратеничка, Надежда Савченко, предизвика големо внимание во очите на јавноста.
Лидерите кои пристигнуваа на Самитот, беа лично пречекувани од страна на Полскиот претседател Андреј Дуда, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по што беше организирано заедничко фотографирање.
На дневен ред на Самитот, ќе биде военото дејство на Русија во регионот, борбата за справување со терористичката организација ДАЕШ, кризата во Украина, незаконската анексија на Крим, како и идните односи меѓу ЕУ и НАТО, проследени по одлуката од референдумот на Англија да ја напушти Европската Унија.
На првиот ден од Самитот ќе се оствари состанок на НАТО-Грузиската Комисија, додека пак на вториот ден ќе се организираат тркалезни маси поврзани со настаните во Авганистан и Украина.
Министрите за надворешни работи и безбедност на земјите членки во НАТО, ќе остварат посебна заедничка средба во рамките на Самитот.
-Превземени се строги безбедносни мерки
Во целата околина на ПГА Народен Стадион, каде се одржува самитот, се превземаат засилени безбедносни мерки.
Сите патишта кои водат кон стадионот (салата) се затворени, доедека пак врз севкупниот простор околу местото на одржување на самитот, е под постојано воздушно набљудување со хелихоптерски летови.
Полска, како мерки на претпазливост ги зголеми граничните котроли во рамките на земјата, преку неизбежни пасошки проверки на своите аеродроми и железнички станици.
Меѓу останатото, тековниот Самит, на кој учествуваат 2 илјади 500 делегати, пробуди голем интерес и кај медиумите. Самитот е проследен од околу 2 илјади медумски работници. За новинарите е обезбедено посебно место во стадионот (салата) ,во која се одвива самитот. Медиумите, кои сакаат да присуствуваат во центарот од каде се емитуваат снимки во живо од настаните на самитот, се исто така под строга безбедносна контрола.