Ramazan Turgut
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
ДОХА (АА) - Со цел да се пронајдат одговорните за кибер нападот врз интернет страницата на официјалната новинска агенција на Катар (QNA), во Катар е испратена екипа од страна на американското Федерално истражно биро (ФБИ), јавува Anadolu Agency (AA).
Висок претставник од Катар, кој е близок со членовите на формираната комисија за откривање на сторителите на нападот, за АА соопшти дека во рамките на истрагата за пронаоѓање на извршителите на кибер нападот врз QNA, кој се случи на 23 мај, на барање на Катар, ФБИ испратила своја екипа во оваа земја. Според изворот на информациите, во Доха продолжува истрага која ја води оваа екипа, заедно со членовите за одржување и безбедноста на системот на QNA.
Овој висок претставник, кој сакаше да остане анонимен, го повтори она што минатата недела го изјави катарскиот министер за надворешни работи, шехот Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, дека немаат што да кријат и дека истрагата ќе продолжат да ја водат на еден транспарентен начин, со цел да се откријат извршителите на нападот и за таа цел е повикана екипа од ФБИ.
Високиот претставник од Катар изјави дека веќе една недела екипа на ФБИ продолжува со својата работа во главниот град, додавајќи дека во истрагата е вклучена и екипа од една пријателска земја, не сакајќи да ја именува, истакнувајќи дека екипата експерти од оваа земја им помага во истрагата.
- Криза меѓу Катар и арапските земји поради кибер напади
Интернет страницата на QNA, на 23 мај објави текст во кој на катарскиот Емир, шеик Тамим бин Хамад ал-Тани му се припишуваат изјави во кои тој е „против САД, а го поддржува Иран”. Овие изјави за кусо време беа раширени во медиумите од регионот.
Неколку часа подоцна, изјава даде директорот на одделот за комуникации на катарската влада, шехот Сејф бин Ахмед Ал Тани, кој соопшти дека бил извршен кибер напад врз интернет страницата на новинската агенција QNA. Изјава даде и министерот за надворешни работи на Катар, кој соопшти дека QNA била цел на кибер напад и дека објавените вести не ја прикажуваат вистината, барајќи од медиумите да не ги земаат во обзир објавените невистинити информации.
Медиумите од Средниот Исток, особено од Обединетите Арапски Емирати (ОАР) и Саудиска Арабија, не ги игнорираа лажните вести од кибер нападот, со што се создаде кампања против Катар.
Министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдурахман Ал Тани на 25 мај свика прес-конференција, на која соопшти дека медиумите се користат за кампања против неговата земја и додаде: „Продолжува истрагата по ова прашање, но многу е јасно дека ова е кампања против Катар и ние ќе и се спротивставиме”.
Покрај тоа, министерството го осуди фактот што и покрај тоа што беше информирано дека тоа се лажни и невистините информации, некои медиумски куќи продолжуваат да ги користат неточните информации, истакнувајќи дека таквите медиумски институции, продолжувајќи да ги објавуваат невистините, со што му даваат удар на единството и интегритетот на заливските земји.
По оваа изјава на министерстово за надворешни работи на Катар, ниту една од заливските земји не даде своја официјална изјава, а во во Саудиска Арабија и Обединети Арапски емирати беше забранет пристап до сајтот на QNA, Катарската државна телевизија, интернет страниците на катарските печатени медиумски органи и информативната интернет страницата на Ал Џезира со седиште во Катар.