Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во северниот дел на Тајланд, во покраината Чианг Раи извлечени се сите 12 деца и нивниот тренер, кои беа заглавени во пештерата Там Луанг Нанг Нон откако поројните дождови ја поплавија пештерата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави Новинската агенција „Кјодо“, од пештерата се извлечени и последните три момчиња и нивниот тренер, со што е завршена спасувачката мисија.
Фудбалскиот тим, 12 момчиња на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен тренер, за време на посетата на пештерата Там Луанг Нанг Нон на 23 јуни, останаа блокирани внатре, откако надојдената вода од поројните дождови го поплави влезот на пештерата.
Групата е пронајдена по девет дена, но извлекувањето на нејзините членови не беше можно поради големото количество вода во пештерата.