Ayhan Şimşek
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
БЕРЛИН (АА) - Според излезните анкети, победникот на денешните парламентарни избори во Австрија е владејачката конзервативна Народна партија (OVP), предводена од Себастијан Курц, која освои 30,5 отсто од гласовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Австријците денес бираа нов состав на парламентот, а веднаш по затворањето на избирачките места, австриската државна телевизија (ORF) ги објави излезните анкети со проектираните резултати.
Според анкетите, на второ место е радикалната десничарска и антиисламска Слободарска партија (FPO), која освои 26,8 отсто, a на трето место е Социјалдемократската партија на Австрија (SPO), која ја доби довербата на 26,2 отсто од гласачкото тело кое гласаше денес.
Според проектираниот распоред на пратенички места во 22. состав на националното собрание ќе седат 57 пратеници од ОВП, предводени од шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. Радикалната десница, ФПО, ќе има 51 претставник, додека двајца пратеници помалку ќе имаат социјалдемократите.