Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
МОГАДИШУ (АА) - Властите на Сомалија соопштија дека балансот на смртно настраданите лица во вчерашниот терористички напад во Могадишу се зголеми на 231, јавува Anadolu Agency (AA).
Сенаторот Абшир Абди Ахмед, по посетата на болницата, изјави дека над 275 лица се повредени. Многу жртви сè уште не се идентификувани.
Вчерашната експлозија на камион натоварен со експлозив во центарот на Могадишу се смета за најкрвавиот терористички напад во историјата на Сомалија.
Локалните извори јавуваат дека меѓу загинатите има најмалку еден новинар, а неколку новинари се наоѓаат меѓу ранетите. Медиумската мрежа „Гласот на Америка“ јавува дека повреден е нејзиниот репортер Абдулкадир Мохамед Абдул.
Досега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Могадишу, но слични напади во земјата на Рогот од Африка и претходно ги изведуваше терористичката група Ал Шабаб.