Turgut Alp Boyraz
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска соопшти дека ќе ги зголеми своето воено присуство на окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По процената на состојбата извршена на ниво на Генералштабот, донесена е одлука за позиционирање дополнителни баталјони во Јудеја и во Самара (Западен Брег), со цел зајакнување на военото присуство, како и да се постават системи за надзор и заштита“, се вели во соопштението.
Исто така, се истакнува дека израелската војска им дала инструкции на војниците да бидат подготвени за какви било можни настани.