Tayfun Salcı
07 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон, истакна дека не треба да им се дозволи на британските државјани што се вклучиле во редовите на терористичката организација ДЕАШ да се вратат во земјата, и додаде дека неговиот избор е уништување на терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вилијамсон во своето интервју објавено во весникот „Daily Mail“ (Дејли мејл), истакна дека најмалку 800 британски државјани се вклучени во редовите на ДЕАШ во Ирак и во Сирија, и информираше дека 130 лица загинале во судирите.
„Не треба да се дозволи ниту еден терорист да се врати во оваа земја, било тој да е од оваа земја или од друга“, истакна Вилијамсон, и рече дека треба да се направи сѐ за да се елиминира оваа закана.
Британскиот министер посочи дека ниту во странство нема да биде безбедно за Британците кои се вклучиле во ДЕАШ.
„Многу едноставно, мислам дека убиен терорист не може да ѝ нанесе штета на Британија“, додаде британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон.