Gülşen Topçu
18 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ГАЗА (АА) - Израелската воена авијација бомбардираше девет позиции на Хамас во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адре, на социјалната мрежа Твитер соопшти дека израелските бомбардери извршиле напад од воздух на девет точки во Газа.
Нападот, као што рече, се случил откако од Газа кон Израел биле пратени балони со запалив материјал.
Адре, по споменатото соопштение, изјави дека од Газа во правец на Израел биле истрелани три проектили.