Eshat Fırat
28 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) – Министерот за јавна безбедност на Израел, Гилад Ердан, ја оцени како патетична визијата за решение на израелско-палестинското прашање на министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, јавува Anadolu Agency (AA).
„Оваа ситуација, во која со години владата на Обама прави грешки на Блискиот Исток и која и покрај тоа што е во заминување, продолжува со напорите да направи траен хаос во регионот, е за жалење“, стои во писменото соопштение на министерот Ердан.
Ердан, кој е познат по блискоста со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, понатаму во изјавата вели: „Патетична е изјавата за визија во последен момент за решавање на израелско-палестинското прашање на владата на Обама, која не беше успешна во ништо досега“.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Марк Тонер вчера изјави дека министерот за надворешни работи на САД, Кери денеска ќе ја објави визијата во врска со решавањето на израелско-палестинското прашање.
Мировните преговори меѓу Израел и Палестина прекинаа во април 2014, поради неприфаќањето на границите од 1967 од страна на Израел и продолжувањето на изградбата на еврејски населби на палестинско тло.