Turgut Alp Boyraz
06 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Тенкови на израелската армија извршија напад врз Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската армија се вели: „Армиските тенкови гранатираа одредени цели на Хамас во северот дел од Појасот Газа“.
Во соопштението се вели дека тенковскиот напад врз Газа бил реакција на ракетниот напад што во утринските часови бил изведен во близината на израелскиот град Ашкелон. Проектилот паднал на празен простор и не предизвикал ниту човечки загуби, ниту некаква материјална штета.
Ниту една палестинска група не ја презеде одговорноста за проектилот што Израел го посочи како причина за тенковскиот напад.