Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Hilal Karyağdı
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
ГАЗА (АА) - Двајца повредени и еден шехид, е епилогот од интервенциите на израелската војска на демонстрациите организирани на границата на Газа против одлуката на САД за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локалните извори, стотици млади Палестинци на границата на Газа организирале протест против одлуката на САД за Кудс, каде израелските војници со вистсински и гумени куршуми, како и со солзавец интервенирале врз демонстрантите, а демоснтрантите одговорија со камења.
Ешреф ел-Кудра, портпарол на Минситерството за здравство во Газа, во писмено соопштение, нагласи дека 24-годишниот Зекерија ел-Кефарине станал шехид откако беше застрелан од страна на изрелските војници за време на демоснтрациите организирави во населба Џибалија во северниот дел на Газа.
Кудра исто така пренесе дека двајца палестинци се повредени за време на демонстрациите одржани ви градот Хан Јунус, од страна на израелските војници.