Esra Akgün
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 37 милитанти загинаа во нападите изведени на позициите на терористичката организација ДАЕШ во ирачкиот град Рамади, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Ирак наведува дека ирачката војска со поддршка на меѓународните коалициски сили извела воздушни напади на позициите на ДАЕШ во источниот дел на Рамади, во кои загинале 37 милитанти.
Позициите на ДАЕШ претрпеле тешко разорување а возилата на терористичката организација се доведени во неупотреблива состојба. Преземено е и едно складиште каде што припадниците на ДАЕШ криеле оружје.