İdris Okuducu
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ изврши самоубиствен бомбашки напад врз американската воена касарна во подрачјето Махмур во ирачката покраина Ербил, јавува Anadolu Agency (AA).
Офицерот на Командата за заеднички операции во Мосул, Субхан Хамид, за АА изјави дека тројца припадници на ДЕАШ утринава извршиле напад на влезот во американската база.
Истиот извор изјави дека нападот е спречен на самиот влез во базата, каде што американските војници убиле двајца напаѓачи, а третиот успеал да го активира експлозивот на себе.
До сега нема информации за настрадани и други последици од нападот.
Американската воена база во Махмур е отворена минатата година за потребите од поддршка на операцијата за ослободување на Мосул од терориситте на ДЕАШ.