Mehmet Nuri Uçar
17 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
МОСУЛ (АА) - Западно од Мосул се случи експлозија на бомба во училиште кое сунитските племенски сили го користат како воен обучен центар. Во експлозијата животот го загубија 15 лица, додека 23 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори, западно од Мосул, во подрачјето на селото Меџарин, подрачје кое е контролирано од страна на Хашди Ашаир (сунитски племенски сили) експлодирала бомба во едно училиште во кое се обучувале членовите на оваа воена формација. Во експлозијата животот го загубиле 15 лица членови на племенските сили, додека 23 се ранети.
Во соопштението се истакнува дека има загинати и ранети меѓу луѓето кои се наоѓале во близина на училиштето, каде што се случи експлозијата.
Училиштето на племенските сили им е доделено со цел во него да се изведува воена обука, бидејќи овие племенски сили заедно со ирачките сили се задолжени за безбедноста на подрачјето.
Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Поради безбедносната нестабилност во Ирак, често, во различни градови од земјата се случуваат бомбашки напади. Властите истакнуваат дека зад нападите стои терористичката организација ДЕАШ и групи поврзани со неа.