Ekipa
18 Јули 2018•Ажурирај: 18 Јули 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Али Акбар Салехи, директор на Организацијата за атомска енергија на Иран, изјави дека напорите на неговата земја да купува ураниум резултираa сo тоа резервите да достигнат дури 950 тони, јавува Anadolu Agency (AA).
Салехи за Државната иранска телевизија денес изјави дека Иран увезол околу 400 тони ураниум од склучувањето на Договорот со големите светски сили во 2015 година. Како резултат на тоа, износот на резервите на ураниум во Иран се зголемил од 500 до 900 - 950 тони.
Салехи истакна дека тоа е доволно Иран да ја постигне својата долгогодишна цел, а тоа е 190.000 центрифугални машини за збогатување на ураниум.
Со Договорот за нуклеарната програма, иранското збогатување со ураниум е ограничено на 3,67 отсто, што е доволно за употреба во нуклеарната електрана, но далеку под 90 отсто, колку што е потребно за производство на атомско оружје.
Сепак, бидејќи САД излегоа од Договорот, Иран вети дека ќе го зголеми капацитетот за збогатување на ураниум, со цел на тој начин да се изврши притисок врз останатите потписници да го одржат Договорот.