Adem Şalvarcıoğlu
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Монсунските дождови кои од јуни досега се активни во Индија, предизвикаа поплави и свлечишта во кои животот го загубија 511 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Централната комисија за води (CWC) објави извештај во кој се вели дека во монсунските дождови кои ја зафатија Индија, почнувајќи од 1 јуни досега, животот го загубиле 511 лица, а 176 се повредени.
Според извештајот, од поплавите и свлечиштата кои зафатија 91 подрачје во Индија, оштетија 55.000 куќи и настрадаа над 1 милион животни.
Овогодишните поројни врнежи од дожд во Индија се најголемите во последните 64 години.