Haydar Hadi
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
БАГДАД (АА) - Вториот по големина град во Ирак, Мосул, во потполност е ослободен од терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачката државна телевизија ја објави веста „Мосул во потполност е ослободен од ДЕАШ”.
Премиерот на Ирак, Хајдар ел-Ибади, им упати честитки на безбедносните сили и на ирачкиот народ за победата над ДЕАШ во Мосул.
Се очекува премиерот Ибади, кој се наоѓа во Мосул, да одржи прес-конференција на којашто ќе ја објави победата.
Градот Мосул под контрола на ДЕАШ падна во април 2014 година.
Ирачката војска, пешмергите и коалициските сили предводени од САД, на 17 октомври 2016 година започнаа операција за ослободување на источниот дел на Мосул. По речиси 100 дена, на 24 јануари оваа година, источен Мосул беше ослободен од ДЕАШ. По повлекувањето на ДЕАШ на 19 февруари, од три фронта започнаа операции за ослободување на западниот дел на градот.