Faruk Zorlu
09 Февруари 2019•Ажурирај: 10 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 18, потврди министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во средата, во попладневните часови дојде до уривање на зграда во истанбулската населба Картал.
Според министерот Сојлу, спасувачките служби досега од под урнатините ги пронашле телата на најмалку 18 лица.
Во Истанбул денеска беше организирано испраќање на жртвите од оваа несреќа, а на погребната молитва присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, во средата попладне се сруши седумкатница, додека во неа имало 30 станари. На местото на настанот пристигнаа голем број полициски, амбулантни и противпожарни тимови. Од безбедносни причини евакуирани се и зградите во околината, а пребарувањето на урнатините сѐ уште трае.