Sibel Kurtoğlu
27 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По три децении, Султан Ахмедовата џамија во Истанбул, позната и под називот Сината џамија, ќе биде реставрирана. Оваа реставрација ќе биде најопсежна во 400 години историја на ова место за богослужба, јавува Anadolu Agency (AA).
Султан Ахмедовата џамија која е единствена џамија од османлиската архитектура со шест минариња, претставува неизоставен дел на фотографиите и разгледниците за Истанбул. Поради сината боја која преовладува на плочките и натписите, позната е и под називот Сина џамија, а изградена е во 1616 година по наредба на османлискиот султан Ахмет I.
Директорот на Управата, Аднан Ертем, за АА изјави дека подготовките се завршени и дека со работа ќе започнат по зимата, односно во пролетните месеци.
„Рестарвацијата на Султан Ахмедовата џамија ќе биде финална реставrација во Истанбул”, истакна Ертем и додаде дека рeставрациите на сите средни и големи џамии во градот се или завршени или сè уште траат.
Според него, реставрацијата на големите џамии трае, односно реставрациите на џамијата Рустем паша, Новаta џамија (Yeni Cami) и Бајазит џамијата.
„Од последната реставрација на Султан Ахмедовата џамија поминаа 30 години. Сега, по 30 години, пак ќе ја реставрираме и тоа ќе биде една од најопсежните рестарвации”, појасни Ертем.
Тој истакнува дека голем проблем претставуваат подземните води под џамијата, и дека при рестарвацијата пред 30 години не е направена реставрација под џамијата.
„Направивме снимки од подлогата и забележавме дека нема статички проблеми, но дега постои проблем со подземните води. Оние кои доаѓаа тука за време на зимата и пролетта беа сведоци дека дождовницата не можела да истекнува. Ќе работиме опсежно за да го отстраниме овој проблем. Ако треба, можно е да се направат одводни канали. Ќе гледаме во тие рамки и според тоа ќе работиме. Тоа ќе биде разликата во однос на реставрацијата пред 30 години”, изјави Ертем.
Ертем потсети дека претходно е реставрирано едно минаре, а дека одлучиле да работат на опсежна поправка на останатите минариња, на кои се забележува оштетување.
Според него, ова ќе биде долга реставрација која би требало да биде завршена до 2020 година, но дека е можно да се заврши и порано доколу ја забрзаат работата и ги зголемат екипите.