Arif Yakıcı
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Тимовите на Одделот за борба против тероризмот на полицијата во Истанбул ја открија фотографијата на терористот кој го изведе нападот во ноќниот клуб во Oртакој, Истанбул, на којашто досега најјасно се гледа неговото лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од извори блиски на полицијата, оваа фотографија открива најмногу досега, а е издвоена од снимнките на една од безбедносните камери.
На фотографијата досега најјасно се гледаат цртите на лицето на напаѓачот, кој во новогодишната ноќ уби 39 лица.
Полициската потрага по напаѓачот сè уште трае.