Ekipa
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
РИМ (АА) - Италија е домаќин на европско-северноафриканскиот самит за начините на имплементација на новиот договор со Либија, со цел да се воспостави подобро следење на брегот и криумчарењето на луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата на министри за внатрешни работи од неколку земји започна денес, додека во исто време спасувачките бродови во јужниот дел на италијанскиот брег донесоа околу 3.000 мигранти спасени во текот на викендот во Средоземното Море.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, ги повика своите колеги од неколку европски земји кои граничат со Италија – Франција, Словенија, Швајцарија и Австрија, како и министрите од Германија и Малта.
Сите овие земји имаат удел во договорот, бидејќи голем број мигранти кои доаѓаат во Италија ги поминуваат нивните северни граници одејќи понатаму на север.
На состанокот присуствуваат и претставници на Тунис и на Алжир, како и либискиот лидер кој е признат од меѓународната заедница, премиерот Фаиз Сараџ.