Burcu Çalık
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претедателство, Ибрахим Калин, истакна дека едностраното повлекување на Соединетите Американски Држави (САД) од нуклеарниот договор со Иран ќе предизвика нестабилност и нови конфликти, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Едностраното повлекување на САД од нуклеарниот договор е одлука која ќе предизвика нестабилност и нови конфликти. Мултилатералниот договор ќе продолжи со другите земји. Турција ќе продолжи со одлучниот став против какво било нуклеарно оружје“, напиша Калин во објава на Твитер.