Duygu Yener
13 Август 2018•Ажурирај: 14 Август 2018
АНКАРА (AA) – Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави дека темелите на турската економија се цврсти, јавува Anadolu Agency (AA).
„Темелите на турската економија се цврсти. Никој нека не се осврнува на шпекулации и слични постапки. Турција од овој процес ќе излезе посилна“, порача Калин на Твитер.
Додаде дека Министерството за трезор и финансии на Република Турција и надлежните институции ги преземаат потребните чекори за финансиска стабилност.