Ekipa
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денес во своето излагање на сесијата на „TRT World Forum“ во Истанбул, ги посочи зголемениот унилатеризам и расизам како главни причини за несигурноста и кризите низ светот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Светот не се чувствува безбеден во услови на пораст на унилатерализмот и расизмот, и кога еден светски лидер му вели на друг дека тие не можат да преживеат ниту две недели без негова помош“, истакна Калин, реферирајќи на вчерашното предупредување од страна на американскиот претседател Трамп дека Саудиска Арабија нема да издржи две недели без воена помош од Вашингтон.
„Проблемот за безбедноста е глобален проблем. Не се работи само за муслиманските земји. Не се работи само за муслиманите или за Блискиот Исток. Се чувствувам многу несигурно кога го гледам порастот на исламофобијата во Европа“, изјави тој на сесијата насловена „Регионални играчи и менување на безбедносниот статус на Блискиот Исток“.
„Всушност, таа без сомнеж е генерирана од неуспехот на регионалните земји и на регионалните актери, но исто така е поттикната и од глобалните сили“, изјави Калин
Секогаш кога ќе помислиме на Блискиот Исток, ние помислуваме на конфликт и војна, но тоа не беше приказната за регионот пред еден век. Пред неколку века, многу земји кои го сочинуваа Блискиот Исток, денес се дом на многу влијателни лица“, нагласи тој.
- Догорот за Идлиб склучен благодарение на Ердоган -
Во врска со Договорот склучен меѓу Турција и Русија за спасување на цивилите во Идлиб од воената офанзива извршена од страна на режимот на Асад, Калин изјави: „Договорот со сигурност е најдобрата вест што ја имаме.“
„Договорот постои, благодарение на неуморните напори на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, изјави Калин.
Нагласувајќи дека Турција не може сама да го носи овој товар, Калин рече: „Ги гледате овие измени на политиките на клучните играчи во Сирија, од САД до... заливиските земји и други. И тоа создава не само забуна туку исто така, и губење доверба на терен.“
Портпаролот на претседателот Ердоган, исто така нагласи оти САД рекле дека се во Сирија за да ја елиминираат ДЕАШ, „но како што рекоа, ДЕАШ е поразена во голема мера“.
По состанокот одржан во Сочи минатиот месец меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин, двете земји се согласија за создавање демитализирана зона во Идлиб, последното засолниште на опозицијата во Сирија.
Анкара и Москва, исто така потпишаа и Меморандум за разбирање, повикувајќи на стабилизирање на ситуацијата во демилитализираната зона во Идлиб.
Во рамките на Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, додека Турција и Русија ќе спроведуваат заеднички патроли во областите, со цел спречување на повторен конфликт.
Сирија е средиште на граѓанска војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разби продемократските протести со неочекувана свирепост.