Behçet Alkan
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Долината на Кападокија, која е украсена со прекрасните „оџаци“ и природни карпести структури, можете да ја разгледате благодарение на летот со балон. Во овој несекојдневен лет во првите шест месеци од годинава уживаа 120.000 туристи, кои потрошија 18 милиони долари, со што дадоа значителен придонес кон економијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Летањето со балон во Кападонија е можно во секој период од годината. При летот може да се ужива во несекојдневиот пејсаж на Кападокија и во зима, кога врвовите на прекрасните „оџаци“ се прекриени со снег, и во останатите годишни времиња, кога падините од долината на Кападонија се раззеленети и расцветани. Се очекува до крајот на годината, прошетка со балон низ долината на Кападокија да направат околу 300.000 туристи, што би значело добивка од 40 милиони долари.
Претседателот на Здружението на туристички хотелиери и оператори (KAPTİD), Јакуп Динлер, за АА изјави дека прошетка со балон по долината на Кападокија нудат 25 фирми, што овозможило вработување на 2.500 лица.
Динлер изјави дека во првата половина од годината, долината на Кападокија со балон ја прошетале 120.000 туристи, додавајќи: „Задоволни сме, бидејќи имаме раст во однос на минатата година. Економскиот придонес на 120.000 туристи изнесува 18 милиони долари”.
Претседателот на здружението KAPTİD, Динлер, истакна дека цената за прошетка со балон не е висока.
„Од 2008 година наваму има значитекен пораст на побарувачката на туристите за прошетката и лет со балон по долината на Кападокија за разгледување на нејзините убавини. Зголемен е бројот на инвестиции и фирми кои спроведуваат интензивни активности во Кападокија. Најголем број барања за прошетка со балон по долината на Кападокија посакуваат туристите од Далечниот Исток. Речиси сите странски туристи кои доаѓаат во Кападокија уживаат во летот со балон. Домашните туристи сметаат дека цените се малку високи, но летот со балон по долината е квалитетна активност која барем еднаш во животот треба да се направи. Доколку ја споредите цената на билетот за прошетката со балон во Кападокија, таа е само една третина од цената која би ја платиле за иста таква прошетка во Африка”.