Ferdi Türkten
21 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - „Интересирањето на Турција во врска со настаните во Ирак и Сирија е разумно. Сакаме и Турција да ни се придружи во операциите против ДЕАШ“, рече американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, јавува Anadolu Agency (AA).
Картер им честиташе на припадниците на Умерената сириска опозиција (УСО) кои со поддршка на Турција го ослободија Дабик, место со посебно значење за ДЕАШ. Во врска со ова, Картер рече: „Целиот свет им се заблагодарува“.
Картер истакна дека се свесни за фактот оти Турција згрижувајќи неколку милиони бегалци од Сирија и Ирак, врз себе презеде голем товар.
„Интересирањето на Турција во врска со настаните во Ирак и во Сирија е разумно. Ги поддржуваме во преземањето мерки за заштита на границите. Сакаме и Турција да ни се придружи во операциите против ДЕАШ. И покрај тоа што понекогаш имаме различни мислења во врска со одредени прашања, во принцип, секогаш имаме консензус. Борбата против сите видови тероризам е еден од овие принципи. Всушност, можеби во постигнувањето на истата цел имаме различни методи, но секогаш како блиски сојуници, успеваме да ги надминеме проблемите, соработувајќи по сите прашања“.
- „Не може да им се верува на зборот на терористичките организации“
На средбата со американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, турскиот министер за национална одбрана Фикри Ишик рече: „Очекуваме да го одржат зборот за преостанатите елементи на ПКК/ПЈД/ЈПГ во Мунбич и тие да преминат на источната страна од Еуфрат. Не може да им се верува на зборот на терористите, непредвидливо е што ќе направат утре ПКК/ПЈД/ЈПГ“.
Според добиените информации, министерот Ишик на средбата нагласи дека Турција е земја којашто е најзагрозена од ДЕАШ и дека токму поради тоа Турција го дава најголемиот отпор.
- „Разбираме дека сакате пренасочување кон Рака“
„Ослободувањето на Дабик од страна на Умерената сириска опозиција (УСО) со поддршка од страна на Турција и коалициските сили, претставува голема морална загуба за угледот на ДЕАШ, којшто на ова место му даваше посебно значање. На овој начин се потврди дека доколку се поддржува, УСО може да биде ефективна во борбата против ДЕАШ. Разбираме дека со поддршката, САД сака операција да ја пренасочи кон Рака. Очекуваме да го одржат зборот за преостанатите елементи на ПКК/ПЈД/ЈПГ во Мунбич и тие да преминат на источната страна од Еуфрат. Не може да им се верува на зборот на терористите, непредвидливо е што ќе направат утре ПКК/ПЈД/ЈПГ“, рече министерот Ишик на средбата.