Fuat Kabakçı
03 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во кинескиот град, Сјамен, зголемени се безбедносните мерки по повод Самитот на лидерите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) на кој домаќин ќе биде Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради самитот, кој ќе се одржи во приморскиот град Сјамен, во покраината Фуџиан, на југот од земјата, на којшто покрај лидерите на земјите од БРИКС ќе учествуваат и високи претставници на пет земји - гости, направени се одредени прописи во градскиот сообраќај.
Со цел да се намали интензитетот на сообраќајот во текот на самитот, возилата со парни и непарни таблици во различни денови ќе можат да сообраќаат.
Исто така, во текот на самитот, шлеперите, трициклите, како и мотоцикли не ќе можат да учествуваат во сообраќајот. Голем број продавници и супермаркети се затворени во делови на градот каде што интензитетот на сообраќајот е мал.
- Жолт аларм за тајфунот Мавар кој ќе го погоди Сјамен -
Националниот метеоролошки центар на Кина соопшти дека издаден жолт аларм за тајфунот „Мавар“ кој ќе ги погоди покраините Гуангдонг и Фуџиан.
Според соопштението на Центарот, тајфунот ќе погоди осум градови, вклучувајки го и Сјамен, каде ќе се одржи Самитот на лидерите на БРИКС.
Отварањето на самитот ќе се одржи денес под водство на кинескиот претседател, Си Ѓинпинг, а потоа лидерите ќе започнат со заседавањето.
На овој самит ќе се дискутира за темите како што се глобалниот економски раст, инвестициите, финансиската соработка и комуникациите.