Aliia Raimbekova
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
БИШКЕК (АА) - Карго-авионот Боинг 747 кој летал на релацијата Хонг Конг - Бишкек се урна во населено место во близина на Бишкек. Според првичните информации во несрќата животот го загубиле 32 лица, а 4 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот на Киргистан, Мухамбеткалиј Абулказијев, изјави дека карго-авион кој летал на релацијата Хонг Конг - Бишкек во 7.30 часот според локално време се урнал во едно село во близина на Бишкек и во несреќата 32 лица ги загубиле своите животи.
Во соопштението кое го даде Mинистерството за здравство се вели дека досега во болница се пренесени 4 лица.
На местото на несреќата се испратени голем број противпожарни и амбулантни возила.
Министерството за сообраќај на Киргистан изјави дека карго-авионот ѝ припаѓал на авиокомпанијата ACT и во авионот се наоѓале 5 членови на екипажот.