Lokman İlhan
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
БОГОТА (АА) - Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ги прими на средба амбасадорот на Турција во Богота, Енгин Јурур, и заменикот генерален директор, а воедно и главен и одговорен уредник на Аnadolu Аgency (AA), Метин Мутаноглу.
Средбата се одржа во претседателската палата Каса де Нарињо, која се наоѓа во Богота, главниот град на Колумбија, каде што Сантос ѝ посака успех на Аnadolu Аgency (АА), која ќе започне со објавување на шпански јазик од неговата земја.
Потсетувајќи дека и тој во минатото бил новинар, Сантос истакна дека ќе дадат поддршка за АА од секој аспект.
Тој истакна дека тоа што Anadolu Agency (AA) одлучила да објавува вести на шпански јазик од Богота е вистинска одлука. Исто така, нагласи дека постепено се зајакнуваат односите меѓу неговата земја и Турција.
Од друга страна, амбасадорот Јурур пренесе дека тоа што АА ќе започне да објавува вести на шпански јазик од Колумбија е важен настан, којшто ќе даде придонес во односите меѓу двете земји.
Мутаноглу, заменик генерален директор на АА, упати благодарност за гостопримството до претседателот Сантос, добитник на Нобеловата награда за мир.
На средбата беа присутни и уредникот на сервисот на шпански јазик на АА, Даниел Салгар Антолинез, како и претставникот на АА во Колумбија, Локман Илхан.