Bekim Laci
14 Февруари 2016•Ажурирај: 14 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Kундерс, чија земја претседава со Европската унија (ЕУ), во текот на денешниот еднодневен престој во Република Македонија оствари средба со неговиот македонски колега Никола Попоски, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што информираше Поповски, по средбата двајцата соговорници разговарале за две различни теми поврзани со Македонија, прашањето за бегалците и европската перспектива на Македонија.
Во врска со прашањето на бегалците/мигрантите, Попоски изјави дека тие откриле дека во моментов има потреба од заеднички решенија за координирање на нашите напори, така што секој да придонесува за територијата која му припаѓа.
„Овде Македонија покажа дека има капацитет да се справи со овој притисок, но ќе биде од особена важност да соработуваме со нашите соседи и со сите оние кои ни даваат поддршка на европско ниво за да се соочиме со овој предизвик”, рече Поповски кој зборувајќи за европската перспектива на земјата, рече дека во моментов за Македонија е важна реализацијата на обврските на политички план вклучувајќи ја и организацијата на изборите, кои според него, треба да резултираат со добри оценки од ЕУ и да го унапредуваат процесот на интеграција.
Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Kундерс, од своја страна, изрази благодарност за напорите што ги прави државата за регистрација на бегалците. Тој рече дека одредени европски земји ѝ препорачале на Македонија да ги затвори границите со Грција, и додаде дека има потреба од европски процес на соработка.
„Ефективната гранична контрола е поважнa од неjзиното затворање. Во моментов во Европа има многу дискусии во врска со ова, но можам да кажам дека наша должност, како претседавачи со ЕУ, е да разговараме со Австрија, Македонија и Грција со цел да се најдат ефикасни решенија”, рече Kундерс, кој додаде дека граничната контрола мора да биде во согласност со правилата на ЕУ.
Kундерс повика со бегалците да се постапува хумано, особено со жените и децата со цел тие да не станат жртви на трговијата со луѓе.
Во однос на евроатлантските аспирации, Кундерс ги повика сите политички партии да го почитуваат договорот и реализираат услови за слободни и фер избори.
Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, во текот на денот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов а потоа ќе замине во посета на Грција, за да ја види состојбата со бегалците и мигрантите.