????? ????????
25 Октомври 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
ЗАГРЕБ (AA) Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека секоја држава има право да ги контролира и штити своите граници на начин на ко јшто таа ќе одлучи, после одлуката на словенскиот парламент со која и се одобрува на армијата да може да ја контролира состојбата на границата со влегувањето на бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Се надевам дека ќе го задржиме дијалогот на двете држави. Тоа не треба да се гледа како акт против Хрватска. Едноставно, се работи за спроведување на шенгенските правила и заштита на словенската територија“, порача Грабар Китаровиќ.
Претседателката кажа дека новонастанатата ситуација не смее да влијае на политичките и билатералните односи и на трговската размена и прометот помеѓу двете Хрватска и Словенија.
Мораме да продолжиме да комуницираме, бидејќи проблемот со миграциите е сложен проблем со кој се соочуваме сите ние еднакво и тој проблем не можеме да го решаваме поединечно, туку на европско и светско ниво “, кажа Грабар-Китаровиќ.