Tufan Aktaş
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АДИС АБЕБА (АА) - ТУФАН АКТАШ -
Лагата на терористичката организација ФЕТО која тврдеше дека училиштата во Етиопија ги префрлила под управа на германски инвеститори, а всушност повторно самата себеси си ги продала, излезе на виделина по огласот за работа објавен во Германија, пишува Anadolu Agency (AA).
По минатогодишната изјава на етиопскиот претседател, Мулату Тешоме, дека училиштата на организацијата ФЕТО ќе ѝ бидат предадени на Турција, ФЕТО за кусо време ги продаде училиштата на припадници на ФЕТО со германско државјанство и покажа како ја излажала етиопската Влада.
Фирмата „Eventus Bildung“, којашто раководи со училиштата во Етиопија, преку интернет објави оглас за работа којшто и денеска е активен, покажувајќи дека организацијата си ги продала училиштата самата себеси.
Интернет страницата „ebay-kleinanzeigen.de“ објави оглас во име на „Eventus Bildung“, во кој се наведува дека се бараат наставници за работа во кампусите на училиштата во градовите Адис Абеба и Мекеле.
Али Буљбуљ е генерален директор на „Eventus Bildung“, институција на ФЕТО што раководи со голем број градинки и училишта за курсеви.
- Средствата на Фондацијата ги префрлија на свое име -
Според документите што минатата недела до етиопското правосудство ги доставиле поранешните вработени на ФЕТО, во спротивност со законот на Етиопија, сиот имот на Фондацијата за хуманитарни цели „Омерије“ за образование и здравство во 2009 година бил продаден и префрлен во сопственост на приватната компанија „Кајнак“.
Компанијата под име „Кајнак“, во 2017 година ги продава училиштата во Етиопија на компанијата „Stem“ со потекло од Германија, која е во сопственост на припадниците на ФЕТО, во обид да го спречи трансферот на овие училишта на Турција.
По минатогодишната продажба, училиштето „Меѓународни турски училишта во Етиопија, Неџаши“ е преименувано во „Intellectual Schools“
- „Сомнеж“ дали учителите се навистина учители -
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од вработените во училиштата на ФЕТО, се истакнува дека „училиштата се продадени на германски инвеститори“, спроведувајќи медиумска кампања во Етиопија и истовремено изигрувајќи ги власта и родителите, бидејќи речиси сиот странски наставнички персонал е од турско потекло.
Само во последниот месец, најмалку 6 нови турски наставници започнале со работа во овие училишта. Сепак, се поставува прашање, според кој правен статус, без потврда на дипломата во Амбасадата на Турција во Адис Абеба, тие ќе можат да работат како наставници во Етиопија.
Со цел да се запре трансферот на училиштата на Турција, минатата година во Етиопија на чело на структурата на организацијата е поставен Аднан Азак, поранешно одговорно лице за Велика Британија.
Азак од минатата година досега честопати ја посетувал Етиопија. Со училиштата во земјата, всушност, долги години раководи Џелил Ајдин.
Под името „Intellectual Schools“, организацијата раководи со 5 училишта. Се дознава дека е откажана лиценцата за училиштето што организацијата го отворила во градот Харар.