Mustafa Melih Ahıshalı
01 Октомври 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во иранските провинции Хормузган, Кохгилује-Бујер Ахмед, Северен Хорасан, Фарс и Елбурш, бројот на лица што починале од фалсификуван алкохол порасна на 42 лица, додека поради труење со алкохол 460 лица биле пренесени во болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство, Ијрек Харирчи, на прес-конференцијата одржана во Техеран, истакна дека од 23 септември досега во провинциите Хормузган, Кохгилује-Бујер Ахмед, Северен Хорасан, Фарс и Елбурш од фалсификуван алкохол починале вкупно 42 лица, а поради труење со алкохол 460 лица биле пренесени во болница.
Според Иранската студентска агенција (ИСНА), портпаролот Харирчи изјавил дека 170 лица се поврзани на машина за дијализа, а 16 лица го загубиле видот.
- Приведени се 31 лице
Во меѓувреме, директорот на полицијата на Северен Корасан, Али Риза Мезахири, истакна дека се притворени 31 лице осомничени за фалсификување алкохол.
Пир Хусејин Куливенд, заменик-директор на Иранската прва помош, во изјавата дадена вчера, истакна дека од 23 септември до денес, од фалсификуван алкохол починале 27 лица, а поради труење со алкохол 302 лица биле хоспитализирани.
Во Иран, каде што за муслиманите е забранета продажбата и потрошувачката на алкохол, алкохолните пијалаци во земјата се внесуваат по илегални патишта, а еден дел се произведуваат во домашни услови.