Ekipa
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека едно лице е уапсено во врска со денешниот напад во Стокхолм, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведскиот премиер истакна дека сите показатели со кои располагаат властите укажуваат на тоа дека се работи за терористички напад.
Најмалку три лица загинаа денес, во главниот град на Шведска, Стокхолм, откако камион удри во деловен простор во голема стоковна куќа.
Информацијата за трите починати лица ја објави Шведското радио, а националната телевизија „СВТ“ објави дека во близина на деловните простории се слушнале пукотници.
Шведската полиција претходно соопшти дека добиле дојава оти камионот удрил во деловен простор на улицата „Дротнингатан“, и дека притоа се повредени неколку лица.