Bekim Laci
05 Февруари 2017•Ажурирај: 06 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Густата магла којашто се појави во скопската котлина го отежнува авиосообраќајот и сообраќајот на патиштата. Како резултат на тоа откажани неколку летови и слетувања на скопскиот аеродром, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на интернет-страницата на концесионерот на аеродромот, ТАВ Македонија, на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во утринските часови откажани се летовите за Загреб и Барселона, како и летовите за Цирих и Љубљана во попладневните часови, додека има задоцнувања и во полетувањата кон Виена.
Од скопскиот аеродром соопштија дека двата лета од Цирих пренасочени се кон аеродромот во Охрид, додека летот од Париз е пренасочен кон аеродромот во Приштина.
Во меѓувреме, отежнат е и патниот сообраќај, според Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ), видливоста на патиштата Скопје-Тетово и Скопје-Катланово изнесува 50 до 10 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење и почитување на сигнализацијата поставена на патиштата.