Kristina Maslareviç
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
БЕЛГРАД (АА) - Српската радикална партија (СРС) стравува за иднината на Србија, бидејќи, како што велат од таму, „сѐ поголем е притисокот врз актуелната Влада на Србија да ја признае независноста на Косово, да се дистанцира од Република Српска и да пристапи кон измени на Уставот“, беше речено на прес-конференцијата на политичките партии во српскиот Парламент, пренесува Anadolu Agency (АА).
„Овој страв е засилен и зголемен уште со најавувањето на посетата на потпретседателот на САД, Џозеф Бајден. Ние знаеме и имаме искуство дека Бајден, кога и да ја посети Србија, таа е условувана да се откаже од дел од својата територија, а и Српската православна црква не е во помала опасност“, изјави заменик-претседателот на СРС, Милорад Мирчиќ.
Како што рече тој, посетата на Бајден ќе биде првенствено на Косово, кое веќе во знак на благодарност именуваше една улица според починатиот син на Бајден, и со тоа потврди – ова е уште еден доказ дека потпретседателот на САД е докажан и признат непријател на српскиот народ“.
Не може да се очекува друго, туку тој дополнитело да ја притисне Србија, српското раководство конечно да прифати и да се помири со фактот Косово да стане членка на ОН, со согласност, односно непротивење на Србија, изјави Мирчиќ.
Тој додаде дека на СРС малку надеж ѝ дал ставот на актуелната власт кога станува збор за „политиката што се води кон Хрватска, кога станува збор за политиката што се води во Босна и Херцеговина кон Република Српска, и дека се надеваат и посакуваат актуелната Влада да ги издржи овие притисоци што ќе следуваат за неколку дена при посетата на потпретседателот на САД“.
„СРС, како опозициска партија, секако ќе даде значајна поддршка на актуелната Влада, само да издржи и да не попушти под сѐ поголемите притисоци“, рече Мирчиќ.
Посетата на Србија на заменик-претседателот на Владата на САД, Џозеф Бајден, е закажана за вторник, 16 август. Според претходните најави, Бајден ќе има одделни средби со српскиот претседател Томислав Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.