?kipa
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Претставници на малцинските заедници во Турција со заедничка изјава ги отфрлија наводите за притисоци врз малцинските верски заедници, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на малцинските верски заедници во Турција, предводени од екуменскиот цариградски партијарх Бартоломеј и надбискупот на ерменската црква, Арам Атесјан, како и рабинот Рав Исак Халев, со заедничка изјава за јавноста ги отфрлија наводите за притисоци врз малцинските верски заедници во Турција.
Напоменувајќи дека во последно време, во одредени политички изјави што можеа да се прочитаат и чујат во јавноста се појавија наводи дека припадниците на различни малцински заедници во Турција се изложени на ограничувања и притисоци во врска со вршењето на верските служби и обврски, претставниците на малцинските заедници се огласија со соопштение за јавноста во кое порачуваат дека во таа земја со векови коегзистираат различни верски заедници.
„Како претставници на верските заедници кои во нашата земја коегзистираат со векови, со целосна слобода ги практикуваме нашите верски обврски и во целосна слобода ја живееме нашата религија. Сите наводи за притисоци се неосновани и злонамерни“, се порачува во соопштението.
Како што се истакнува, многу потешкотии од минатото со време решени, а сите прашања кои бараат разговори се „постојан предмет на состаноци со претставниците на институциите на нашата држава“.
„Сметаме за потребно и за обврска да ја известиме јавноста за вистинската состојба и тоа го правиме преку ова заедничко соопштение, односно изјава“, се нагласува.
Покрај екуменскиот цариградски партијарх Бартоломеј и надбискупот на ерменската црква Арам Атесјан, како и рабинот Рав Исак Халев, заедничката изјава ја потпишаа уште 18 претставници на малцинските верски заедници во Турција.