Kasım İleri
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот секретар за одбрана Џим Матис, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) се подготвени за имплементирање на мапата на патот за сириски Мунбич, што беше договорено со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека делегации на Турција и САД оваа недела ќе се состанат во Германија за да разговараат за извршувањето на планот.
Потсети дека министрите за надворешни работи на САД и Турција минатата недела разговараа за соработката во врска со Мунбич.
„Ние сме подготвени за оваа соработка“, изјави Матис за новинарите во Пентагон.
Нагласи дека прво ќе започне патролирање на двете страни од границата, а подоцна се можни и заеднички патроли во самиот Мунбич.
Делегациите на Турција и на САД минатата недела во Анкара договорија нацрт-план за решавање на случајот со Мунбич, според кој во неколку фази тој регион треба да го напуштат терористите, а локалното население да ја преземе власта со поддршка на турските и американските сили.
На почетокот на оваа недела во Вашингтон се сретнаа шефовите на турската и американската дипломатија Мевлут Чавушоглу и Мајк Помпео и ја потврдија мапата на патот за воспоставување безбедност и стабилност во Мунбич.