Kristina Maslareviç
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
БЕЛГРАД (AA) - Поради експлозијата која се случи во центарот на Белград и вознемирувањето на граѓаните, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека актот на непознатиот маж, на возраст околу 50 години, кој ја детонираше експлозивната направа во една слаткарница во центарот на Белград не е терористички акт, јавува Anadolu Agency.
„Досегашната истрага утврди дека не се работи за терористички акт, бидејќи лицето пред активирање на експлозивната направа, побарало од двајцата вработени и еден купувач веднаш да излезат од објектот. Исто така, во оваа прилика никој не е повреден, а причинета е и помала материјална штета", наведено е во соопштението.
Непознато машко лице се разнесе со бомба во слаткарницата "Петковиќ" во центарот на Белград, на аголот од улицата Илија Гарашанин и Таковска, околу 12,30 часот.
Според неофицијалните информации, лицето кое се разнесе со рачната бомба на која легна, бркајќи ги надвор вработените и купувачот од слаткарницата, им рекол дека "сака да се убие". Тој потоа отиде позади главната просторија на слаткарницата, ја активираше експлозивната направа и легна на неа, после што дојде до експлозија.
Слаткарницата во која лицето изврши самоубиство некогаш му припаѓаше на поранешниот министер за култура Братислав Перковиќ, кој на функцијата беше од јуни 2012 до јуни 2013 година, а член е на Српската напредна партија од 2010 година.
Полицијата изврши увид на лице место, околните улици се блокирани за сообраќај, а исто така однесено е и телото на спомнатиот маж од слаткарницата.