СКОПЈЕ (АА) – Ромите во светот денес го одбележуваат својот национален празник, 8 април-Меѓународен ден на Ромите, ден посветен на историјата и културата на овој народ. Соговорниците на АА, зборуваат за состојбата со ромската етничка заедница во земјата, достигнувањата, предизвиците, но и проблемите со кои се соочува оваа етничка заедница.
Новинарот Сали Мемед од ромската општина Шуто Оризари, вели дека медиумите од секогаш биле значајна алка во општеството, а Ромите во Македонија можат да се пофалат дека имаат свои медиуми преку кои ја афирмираат својата етничка заедница и се обидуваат да ги артикулираат своите проблеми.
Тој вели дека ромските медиуми се клучниот фактор во презентирањето на состојбата на Ромите, кажувајќи дека не е мал бројот на медиумите на ромски јазик во Македонија.
“Често граѓаните добиваат информации што се случува во земјата, а фокусот на медиумите на ромски јазик е значајот на Ромите, нивните правата интеграцијата во општеството”, раскажува новинарот Мурат. Овој ден е важен за него и неговата етничка заедница бидејќи вели дека пред 45 години, ромските интелектуалци им укажаа на другите националности како треба да гледаат на Ромите.
- Медиумите на Ромите во Македонија
Мемед вели дека во текот на раните 1990-ти години во медиумите почна да се слуша гласот на Ромите во Македонија, потсетувајќи се дека тогаш беа отворени телевизиите БТР, потоа Шутел, како и емисиите на ромски јазик во рамките на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија. Исто така, смета Мурат, дека медиумите играат голема улога во претставувањето на состојбите, посебно во мултикултурните средини како што е Република Македонија и нејзиниот главен град Скопје. Затоа, смета тој, дека медиумите треба повеќе да поработат на ова поле.
“Секаде постојат предрасуди и дискриминацијата, тоа не може да се искорени одеднаш” , истакнува Мемед, кој смета дека животот во мултиетничките среднини допринесува луѓето побрзо да се интегрираат во општеството и да бидат поуспешни.
Севдија Демирова-Абдулова, советник во Секторот за односи со јавноста во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, во разговор за АА, вели дека од независноста на Македонија Ромите добија многу, со самото тоа што влегоа во Уставот на Република Македонија како еднакви граѓани со сите други граѓани.
“Макотрпен беше патот на Ромите да го достигнат ова ниво на кое што се наоѓааат денес, иако има уште многу области на кои што треба да се работи. Република Македонија е можеби единствената во светот којашто има ромска општина во која што најмногу живеат Роми, веќе неколку мандати има ромски градоначалници, претставници на Ромите се во парламентот, секако и во Владата на Република Македонија”, изјавува Демирова-Абдулова, според која голем дел за овие достигнувања придонел невладиниот ромски сектор заедно со политичкиот.
“Голем дел за ова заслуга има развојот на невладиниот сектор заедно со политичкиот сектор којшто успеаа преку премногу обуки да делуваат на значењето на образованието како клуч за поуспешна инклузија за Ромите во општеството” , вели таа.

- Образованието е клучен фактор за успехот на Ромите
Демирова-Абдулова ја спомнува и декадата на Ромите за која смета дека не е имплементирана на начин на кој тоа било предвидено на самиот почеток, но сепак доволно за да Ромите поработат на неколку најважни планови, посебно образованието.
“Благодарение на стипендии коишто беа доделени од Ромскиот едукативен фонд, имплементирани со неколку партнери, во последно време може да се споменат и стипендиите од Министерството за образование што повеќе млади Роми да го завршат и продолжат своето образование. Токму затоа сега имаме значителен број на магистри и доктори на науки”, објаснува Демирова Абдулова која меѓу другото, вели и дека Ромите во Македонија се лидери во Европа, но и светот по брзината на сопствениот развој и инклузија во општеството, но притоа не ги занемарува и недостатоците на кои треба да се поработи.
“Има недостатоци, тоа е процес кој ќе трае, сега во позначајните институции имаме свои претставници”, смета Демирова-Абудлова, која на младите Роми им порачува да бидат упорни во остварувањето на своите цели. “Упорност, мора да се упорни. Постојат многу бариери, секој пат има многу бариери, но мора да се постигне начин како да успеат во она што го сакаат” , порачува таа.
Меѓунаодниот ден за Ромите за Фатма Бајрам Аземовска, претседателката на Сумнал- Здружение за развој на Ромската заедница, претставува преставува борба за остварување на правата на Ромите.
“Овој ден за мене значи борба за остварување на нашите права, меѓутоа сето тоа да го направиме ние треба да се интегрираме со другите заедници во Република Македонија.” Бајрам-Аземовска информира дека Меѓународниот ден на Ромите ќе биде проследен со неколку активности меѓу кои ги спомнува отворениот ден во здружението Сумнал, но и средбата со најчитаниот македонски писател за 2015 година, Коста Петров.
“Средбата со најчинатиот автор за 2015 Коста Петров ја организираме за да му пристапиме на празникот со иновативен начин, младите да читаат повеќе”, вели претседателката на ромското здужение Сумнал, која додава дека и во Битола во Националната билблиотека “Св. Климент Охридски” ќе биде прикажан документарен филм за успешните Роми коишто даваат свој придонес во изградбата на современото македонско општество.
-Ромите во Македонија
Ромите во Македонија, по Македонците, Албанците и Турците се четвртата најголема заедница. Според податоците од 2002 година, во Македонија живеат 53.879 Роми,односно 2,66 % од вкупната популација во земјата.
Некои невладини организации наведуваат дека нивниот број е поголем поради фактот што голем број Роми немаат лични карти и не учествувале во пописот на населението.Меѓународниот ден на Ромите, е денот на прославата на ромската култура и подигнување на совеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите.
Денот официјално е прогласен 1990 година во Сеороцк во Полска, на местото каде се одржа четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата меѓународна средба на ромските претставници одржан во Челсфилд, во близина на Лондон од 7-12 април 1971 година. На тој конгрес донесена е одлука за ромската химна, за која е избрана песната Ѓелем, Ѓелем (ромски:Одев, одев) и одлуката за ромското знаме кое се состои од сина и зелена боја кои ги претставуваат небото и земјата. На средината на знамето се наоѓа тркало, црвена чакра, кое ја претставува миграцијата на Ромите.
news_share_descriptionsubscription_contact


