Emel Öz Gözellik
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Емел Оз Гозеллик
Од последиците на АИДС (AIDS), минатата година во светот починаа 940.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Програмата на Обединетите нации за AIDS (UNAIDS) соопшти дека според податоците од 2017 година, 75 отсто од вкупниот број заразени со ХИВ знаат за својата болест.
Резултатите од новиот извештај на UNAIDS покажуваат дека благодарение на тестирањето за ХИВ и неговото лекување, е дојдено до многу поголем број лица што живеат со овој вирус.
Во извештајот се наведува дека минатата година во светот се регистрирани околу 36,9 милиони лица ос ХИВ, од кои се лечеле 21,7 милиони.
Во истиот период, близу 1,8 милиони лица се заразиле со вирусот, додека 940.000 лица починаа од AIDS.
Според резултатите на извештајот на UNAIDS, во 2017 година, 75 отсто од вкупниот број заразени со ХИВ, знаеле дека се заразени, додека во 2015 година, таа бројка изнесувала 67 отсто.
Поразувачки е што дури 9,4 милиони лица во светот воопшто немаат информација дека се заразени со овој вирус, па од UNAIDS апелираат овие лица итно да го минат тестот за ХИВ и да го започнат лекувањето.
Меѓу заразените лица се наоѓаат 35,1 милион возрасни лица, а 1,8 милион се деца помлади од 15 години.
Најголем број заразени има на подрачјето на Источна и Јужна Африка. Во извештајот се укажува дека во 1996 година бројот на заболени од ХИВ изнесувал 3,4 милиони.