Recep Şakar
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
МЕЛБУРН (АА) - За 7 дена на Нов Зеланд починаа 206 китови, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 50 пилот-китови денес починаа на островите Чатам на Нов Зеланд.
Минатата недела на островот Стујарт починаа 145, на Нортленд 10, а денеска 51.
Според податоците на Канцеларијата за заштита, во четвртокот, од засега непознати причини, околу 90 китови се насукаа на брегот на островот Чатам. Околу 40 успеаја да се спасат и да се вратат во морето, а 51 починаа.
Дејв Карлтон, директор за акција на островот Чатам, рече дека 50 китови веднаш починале, а еден бил жив. Меѓутоа, како што рече, немале никакви шанси да го спасат.
За 7 дена на Нов Зеланд починаа 206 китови. Не се познати причините поради кои и претходните години се случувало китовите да се насукаат на брегот на Нов Зеланд.
Пилот-китовите имаат кратки перки и обично се со должина од 5 метри. Можат да се видат во тропските и суптропски води.