Ruslan Rehimov
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
БАКУ (АА) – Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при посетата на Азербејџан, оствари министерска средба со својот азербејџански колега, Елмар Мемедјаров, на којашто истакна дека нормализирањето на односите меѓу Турција и Русија ќе помогне во изнаоѓањето начин за зaедничко партнерско решавање на кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот беше организирана заедничка прес-конференција, на која Мемедјаров ги наведе случувањата од регионот и времетраењето на процесот за изнаоѓање решение за конфликтот во Нагорно Карабах, како главни теми на разговорот меѓу министрите.
Како што наведува Мемедјаров, во тек е интензивен дијалог за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах, за кој е потребно постепено решавање, а како опасност за регионот, тој го смета присуството на ерменските вооружени сили во окупираните територии.
„Азербејџан е задоволен од почетокот на нормализирањето на турско-руските односи. Секое подобрување на турско-руските односи ќе биде со позитивно значење, во секој поглед, и за Азербејџан“, изјави Мемедјаров, пренесувајќи ги впечатоците од дел од разговорот со Лавров околу процесот на нормализирање на турско-руските односи.
Лавров, притоа, согласувајќи се во целост со изјавата на својот колега, додаде дека намалувањето на проблемите во регионот ќе биде од полза и за Русија и за Турција истовремено.
„Нормализирањето на односите меѓу Турција и Русија ќе ни помогне да изнајдеме начин за заедничко партнерско решавање на кризата во Сирија“, изјави Лавров, според кого, помирувањето меѓу двете земји ќе има позитивно влијание на односите во регионот во целост“.
„По средбата со Мевлут Чавушоглу во Сочи, можам да тврдам дека отсега натаму несогласувањата со турските колеги ќе биде се помала. Ние и понатаму ќе се обидуваме да водиме отворени преговори за спроведување на одлуките донесени од страна на СБ на ОН и на Групата за поддршка за Сирија“, додаде тој.
На прашањето од медиумите во врска со деталите од преговорите Лавров одговори: „Не можеме да ви ги изложиме деталите од зедничката дискусија околу прашањето за Карабах. Тие не беа истакнати ниту по завршувањето на меѓупретседателската средба во Санкт Петербург. Ваквиот став претставува етичко правило кај сите видови политички преговори. Но, едно е јасно, дека овој пат сме поблиску до решението“.