Zeynep Akyıl
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
АНКАРА (АА) – Населението во Европската Унија (ЕУ) доживеа пораст како резултат на нето-имиграцијата, и до крајот на 2015 година достигна бројка од 510,1 милион жители, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците од Еуростат, вкупниот број на населението на ЕУ, која ја сочиниваат 28 земји-членки, од 1 јануари 2016 до сега, споредено со истиот период лани, забележува прираст од 1,8 милион лица (3,5 на илјада), и достигна бројка од 510,1 милион жители. Минатата година во ЕУ се родиле 5,1 милион бебиња, а пак починале 5,2 милиони луѓе, што е прв негативен прираст во историјата на ЕУ. Како заслужни за зголемената популација на ЕУ се посочуваат имигрантите.
Земја со најголем прираст на жители во ЕУ, со стапка од 2,3 %, е Луксембург. Бројот на жители од 563 илјади се искачи на 576,2 илјади. Зад неа следува Австрија, каде што населението се зголеми на 8,7 милиони, со 1,4 % стапка на прираст.
Најгусто населената европска земја пак, Германија, бележи стапка на прираст на населението од 1,18 %, во која бројот на жителите од 81 милион 197,5 илјади, се искачи на 82 милиони 162 илјади лица.
По Германија, следуваат Шведска со 1,06 %, Англија со 0,88, Данска со 0,84 и Белгија со 0,72 процентна стапка на прираст на населението.
По референдумот за одвојувањето на Британија од ЕУ, вкупното население на ЕУ ќе се намали за 65,5 милиони луѓе.
- Најголем прираст на наталитет има Ирска -
Од друга страна пак, природната стапка на наталитет на новороденчиња во ЕУ достигна 10 деца на илјада жители, додека стапката на смртност изнесува 10,3 на илјада. Водството со најголем прираст на стапката на наталитет со 1,42 % има Ирска, зад неа е Франција со 1,2 %, Англија со 1,19 %, и Шведска со 1,17 % стапка на прираст на наталитетот. Италија со стапка на прираст на наталитетот од само 0,8 % го зазема последното место на листата.
Република Ирска е членка на ЕУ којашто минатата година имаше најголема стапка на наталитет од 1,42 %, но и најмала стапка на смртност од 0,64 %. Најголема стапка на смртност минатата година имаше Бугарија со 1,53%.